Манекенка ги тетовирала очите, па ослепела, го тужи тату-мајсторот ФОТО

Тој користел мастило наменето за тетовирање на кожа, која не смеела да дојде во допир со очите.

522

Полската манекенка Александра Садовска целосно го изгуби видот на едното око, откако ги истетовирала очните белки. Лекарите ѝ рекле дека е само прашање на време кога ќе ослепи и на другото око.

Садовска, наводно, одлучила да ги тетовира очите во црно сакајќи да личи на својот сонародник – раперот и боксер Попек. По зафатите, таа почнала да се жали на болка во очите, при што тату-мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално.

Тој ѝ препорачал само лекови против болки.

По лошите вести, манекенката одлучила да го тужи „уметникот“, па истрагата покажа дека тој при постапката направил неколку грешки. Тој користел мастило наменето за тетовирање на кожа, која не смеела да дојде во допир со очите. Му се закануваат неколку години затвор.

Тату-мајсторот пред судот изјавил дека не се чувствува виновен. Разрешницата на овој случај се очекува наскоро.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...