Од 5 до 10 часот утре е планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија на територијата на Општина Гевгелија и поширокиот регион, соопшти „Електродистрибуција“.
Прекинот е на барање на АД МЕПСО со цел модернизирање на ТС 110/35/10kV Валандово.
– Без напојување со електрична енергија ќе бидaт корисниците од Гевгелија (освен централното подрачје), Негорци, Мрзенци (освен влезот на селото), Прдејци, Моин, Ново Коњско, Нов Дојран (освен влезот кај Истатов), Ѓопчели, Фурка, Црничани. На почеток и крајот на терминот сите корисници од КЕЦ Гевгелија ќе имаат краток прекин во напојувањето, соопшти „Електродистрибуција“.