Над Хрватска денеска претпладне, метеор експлодираше при влез во Земјината атмосфера. Зад него остави траги од чад, а делови се распрскаа ширум земјата.
Таа глетка ги вознемири граѓаните, оти според Дамир Хржина, претставник на загрепската опсерваторија Ѕвездарница, татнежот се почувствувал на доста голема површина.
Властите засега немаат никакви дојави за каква било штета или повредени поради експлозијата на метеорот.