Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги повика Сирија и Русија веднаш да ги прекинат воздушните напади на Идлиб и целосно да ги почитуваат своите меѓународни обврски.
Изјавата ја даде по денешната вонредна средба со амбасадорите на државите-членки на Алијансата, на барање на Турција.
Сојузниците изразија поддршка за Турција. Ситуацијата е опасна и мора да се смири.
– Ние повикуваме на итно продолжување на прекинот на огнот и обезбедување хуманитарен пристап – додаде Столтенберг.
Тој истакна дека Турција е сојузник на НАТО, кој претрпе најмногу терористички напади, прими најголем број бегалци и најтешк е погоден од ситуацијата во соседна Сирија. Столтенберг додаде дека НАТО ќе продолжи да ја следи ситуацијата долж турско-сириската граница.
Фото: EPA/NEIL HALL