Боки понуди околу 150.000 евра како гаранција дека нема да избега

955

Одбраната на Бојан Јовановски, обвинет во „Рекет“ понуди куќа во вредност од 100.000 евра и локал во вредност од околу 50.000 евра како гаранција на барањето да му се укине мерката притвор која Боки во затвор ја издржува веќе седум месеци.

Одбраната се жали на последното решение за притвор кое истекува на 8. март.

Куќата е сопственост на прв братучед на Јовановски, a како што рече одбраната, таа е проценета на околу 102. 000 евра и локалот е во сопственост на неговата мајка, Јасминка Јовановска.

Јовановски пред судија во Апелацискиот суд рече се чувствува дискриминиран бидејќи еден од аргументите да му биде одреден притвор поради опасноста од бегство е тоа што нема засновано свое потесно семејство, тоа што нема недвижен имот и не е вработен.

– Моја лична определба е дали ќе заснован потесно семејство. Тоа е директен говор на дискриминација никој не може во мене име да кажува дали треба да имам семејство. Има многу високи политичари кои имаат синови и ќерки, а се во бегство  – рече Јовановски.

За тоа дека е невработен, рече дека бил прокурист на 1ТВ и дека е сопственик на 16 трговски марки регистрирани во Заводот за индустриска сопственост.

Адвокатот Сашо Дуковски повторно до судот во Апелација повтори дека Јовановски поради здравствени причини треба да добие поблага мерка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...