Русија одлучи од денеска привремено да забрани влез на ирански граѓани во земјата поради новиот коронавирус.
Одлуката е донесена со цел да се осигура безбедноста, јавното здравје и да спречи ширењето на коронавируси во Русија, пренесува ТАСС.
На иранските државјани им е забрането преминување на руската граница и влегување во територијата на земјата, без оглед дали се во транзит или подолг престој во земјата.
Во Иран се пријавени 245 случаи на заразени и 26 смртни случаи од Ковид-19.