Ресенчани нападнеле полицајци додека вршеле увид на сообраќајка

Тепачката се случила синоќа на улицата Борис Кидрич за време на увидот во сообраќајната несреќа во која учествувале Т.А. од с.Болно и Б.М.(18) од Ресен.

180

Татко и син од Ресен се приведени синоќа откако нападнале неколку полицајци кои вршеле увид на сообраќајка во која учествувал синот.

Тепачката се случила синоќа на улицата Борис Кидрич за време на увидот во сообраќајната несреќа во која учествувале Т.А. од с.Болно и Б.М.(18) од Ресен.

„На местото на настанот дошол З.М.(41) татко на Б.М. и прво вербално, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. Потоа, и неговиот син Б.М. ги нападнал полициските службеници. Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад“ соопшти МВР.

Б.М. и З.М. се приведени во Полициска станица Ресен. Известен е јавен обвинител.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...