Двајца работници повредени во експлозија во погон на „Виталија“

Тешки телесни повреди се констатирани кај М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од Агино Село, Кумановско.

381

Две лица се повредени вчера при експлозија на машина во фабриката „Виталија“ во скопската населба Ќерамидница. Други две лица е преживеале само стрес.

Полицијата соопшти дека вчера во 10.20 часот настанот бил пријавен во Секторот за внатрешни работи Скопје со објаснување дека во погон на фирмата „Виталија“, експлодирала печка на гас, при што имало повредени лица кои работеле во погонот.

Тешки телесни повреди се констатирани кај М.М. (49) од Скопје, и Х.М. (33) од Агино Село, Кумановско. Кај Н.Н.(42) и В.С.(54) не биле констатирани повреди, туку само бил предизвикан стрес.

Повредите се констатирани од страна на лекар од Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР-Скопје и Државен инспектор за труд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...