Струмичанец се тестира има ли коронавирус, се вратил од Северна Италија, па добил температура

695

Уште еден сомнителен пациент денеска се тестира дали заболел од коронавирусот. Станува збор за струмичанец кој на 22. февруари се вратил од Северна Италија, а вчера ги добил симптомите – температура над 37 степени, по што му бил земен брис  и резултатите се очекуваат денеска – изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.

И двајца бугарски државјани кои вратиле на работа во Битола, рече Филипче,  вчера самите изјавиле дека биле во северна Италија, а иако не дале податок за директен контак со заболени, советувани се да бидат во домашна изолација, за да не се движат во јавните здравствени установи. Доколку добијат симптоми на грип, да се јават на телефон во Центарот за јавно здравје во Битола.

Заздравува пациентката на Инфективната клиника во Скопје, која е првиот и засега единствен случај на заразен со коронавирусот, а која со комбе пред три дена се врати од Милано.

Филипче рече дека 12 лица, од кои две деца, кои (ин)директно биле во контакт со оваа пациентка, и натаму се во домашна изолација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...