Ќе се откажува и карневалот „Прочка 2020“

Ова е превентивна мерка поради ситуацијата со коронавирусот, зашто на меѓународниот карневал требаше да има гости од повеќе европски и балкански земји.

150

Во Прилеп за денеска напладне е закажана итна седница на Советот со единствена точка на дневниот ред – донесување одлука за откажување на 19-иот меѓународен карневал „Прочка 2020“.

Ова е превентивна мерка поради ситуацијата со коронавирусот, зашто на меѓународниот карневал требаше да има гости од повеќе европски и балкански земји.

Со одлуката ќе значи дека се откажуваат сите тридневни карневалски организациски активности: денешната изложба на маски, утрешниот детски и големото карневалско дефиле што требаше да се одржи в недела.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...