Цел свет ја слушна Шарлот Обери, кога беше запрена во метро и запрашана да го продолжи текстот на песната „Shallow“ од филмот „Ѕвездата е родена“, па оваа симпатична русокоса од анонимна пејачка стана планетарна ѕвезда.
Квин Фрешоветер на Јутјуб каналот објавува предизвик „продолжи го текстот“ – ги запира минувачите и бара од нив да продолжат да ги пеат стиховите од зададената песна.
Така во метрото наишол на Шарлот, пејачката која веќе 15 години настапува на свадби и во клубови, но досега не ѝ беше позната на јавноста.
Тогаш таа го воодушеви светот со песната „Shallow“, а оваа снимка за кратко време ја прегледале повеќе од 60 милини корисници.
Името Шарлот Обери стана познато низ целиот свет, а колку стана популарна зборува и тоа што сега гостуваше во познатата емисија на Елен Деџенерис.
Шарлот во емисијата во живо ја испеа песната „Shallow“, а Елен потоа ја изненади со годишен билет за метро и со дополнителни 10.000 долари.