Жителите на Карпош во петок, 4-ти мај во 15 часот, ќе протест пред Уставниот суд револтирани што неколку предмети чекаат во Уставниот суд, а на терен забрзано се гради.мото на протестот е „Кого штитат и за кого работат уставните судии?“.
Бараат Уставниот суд да ги стави на дневен ред четирите оспорени детални урбанистички планови од Општина Карпош, кои до Судот се доставени во септември и октомври 2017 година.
„Она што како граѓани можеме да направиме е да го кажеме јавно нашето несогласување со ваквото крајно арогантно и криминално однесување на судиите и да побараме сите предмети веднаш да бидат ставени како точка на дневен ред на следната седница. Од Владата бараме во најбрз можен рок да спроведе соодветни измени на законите каде уставните судии нема повеќе да се недопирливите, каде нивната работа ќе подлежи на контрола, со јасни казнени одредби, каде ќе има рокови во кои ќе мора да одлучат по примените предмети, каде судијата може да биде разрешен“, стои во повикот за протес