Мицкоски: СДСМ молеа Бога да се случи корона вирусот за да не протестираме со народот

1458

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашање дали и натаму ќе протестираат рече дека СДСМ се исплашени и оти како изговор го користат корона вирусот.

– Најсреќни би биле исплашените од СДСМ да го користат коронавирусот како изговор за ВМРО-ДПМНЕ да не го мобилизира народот и претпоставувам дека тие молеа Бога да се случи сето ова за да може ВМРО-ДПМНЕ да не излегува заедно со народот и да протестира против она лицемерие кое денеска е секојдневие во Македонија, за жал – рече Мицкоски.

На новинарско прашање истакна и дека се подготвува за утрешниот дуел со претседателот на СДСМ Зоран Заев.

– Му посветувам должно внимание и серозно му приоѓам – рече Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...