Голема жолта гумена патка на дување, наречена Кваки, направи застој во сообраќајот помеѓу два блока во населба во Де Мојн, главниот град на американската сојузна држава Ајова.
Кваки е во сопственост на Прифатилиштето за млади и беше дел од маркетингот за годишен хуманитарен настан.
Директорот на прифатилиштето Стивен Квирк изјави дека шестметарската патка во четвртокот се откачила, откако попуштила една од безбедносните гуртни, поради силниот ветер.
Квирк рече дека 11-годишниот Кваки „повторно е во своето гнездо“ и дека е на поправка за да биде подготвен за настанот планиран за 5 мај.