Патници од Италија, цела чета, преку Табановце изутринава се прошета

На дежурниот телефон утринава ни се јавија двајца граѓани кои сакаа да се тестираат на коронавирус откако службено пред 20 дена престојувале во Италија. Тие се интересираа и за тестот и за симптомите, но не спаѓаат во група која треба да се тестира, а рекоа дека немаат ни зголемена температура, изјави за Плусинфо д-р Јадранка  Стаменковска, епидемиолог во Центарот.

2929

Повеќе од 90 патници од Италија влегле денеска изутрина на граничниот премин  Табановце со два автобуса, а имало граѓани кои со комбиња се вратиле од оваа од неодамна ризична дестинација, каде има 528 заразени и 14 починати од коронавирусот.

Засега никој од патниците не е сомнителен дека е заболен и сите влегле во земјата.

На овој премин завчера поминала и првата заболена од новиот вирус, која од засега непознати причини, кај полицајците и цариниците не ги пријавила симптомите. Под надзор и во изолација од вчера се осум патници и возачот кои се враќале заедно со неа, како и нивните семејства во Скопје и во Струмица.

За сите кои се враќаат од ризичните региони, припадниците на граничната полиција веднаш ги информираат епидемиолозите од кумановскиот Центар за јавно здравје, кои се на готовс за оваа и за сите други слични ситуации.

– На дежурниот телефон утринава ни се јавија двајца граѓани кои сакаа да се тестираат на коронавирус откако службено пред 20 дена престојувале во Италија. Тие се интересираа и за тестот и за симптомите, но не спаѓаат во група која треба да се тестира, а рекоа дека немаат ни зголемена температура. Ние ги следиме упатствата од Министерството за здравство според кои за период на инкубација се сметаат  изминатите 14 дена. Само по тој алгоритам работиме. Секојдневно контактираме со граничната полиција и жената кај која го потврдија вирусот, сигурно не им се пријавила кога влегла во земјата. Нон-стоп ни се јавуваат и информираат за патниците од ризични подрачја, колку патници влегле и каде престојувале. Еве само изутрина 90 патници од Италија со два автобуса влегле во Македонија и, за среќа, засега, нема сомнителни со симптоми на коронавирусот – изјави за Плусинфо д-р Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот која денеска дежураше на телефонот наменет за кумановскиот регион.

Во врска со тоа памети ли слична ситуација кога вакви мерки биле преземани поради заразно заболување, д-р Стаменковска се присети на 2009 кога бувна свинскиот грип.

– Тогаш бевме два месеца дежурни на границата и ги проверувавме патниците – се сеќава оваа докторка.

Во Струмица телефоните се усвитеа од јавувања на граѓани 

Денеска зборувавме и со епидемиологот од Струмица, каде од синоќа се во домашна изолација пет лица кои со комбе се вратиле од Италија заедно со првата заразена пациентка со коронавирус.

– Сега позасилено се јавуваат граѓаните и прашуваат што да прават. Ние ги контактиравме овие петмина патници, заедно со возачот, кои прексиноќа се вратиле од Италија, а екипа замина во домовите кај сите нив и до 1 часот по полноќ се правеше епидемиолошка анкета. И останатите во семејствата засега се добри. Ние и пред тоа постапувавме според препораките, но сега зачестија телефонските јавувања од граѓаните кои за симптомите и заштитата од новиот вирус можат да се информираат и од флаерите. Даваме инструкции на граѓаните кои ќе ни се јават, а прашуваат најчесто што да прават, дали да се тестираат, кои се симптомите – ни рече докторка од Центарот за јавно здравје во Струмица, а кои и за овие активности редовно го информираат Институтот за јавно здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...