Од синоќешното невреме и силниот ветер во Скопје настрадале 20 возила, еден покрив, а имало и два оштетени влеза и заштитна ограда и четири случаи на оштетен електричен кабел од бандери.
Ова се штетите од невремето во Скопје коишто до денеска напладне биле пријавени во МВР.
– Едно возило (комбе) е со оштетено ветробранско стакло од падната фасада, а било паркирано на улицата Даме Груев, а второто било паркирано на улицата Мирослав Крлежа и врз него паднало дрво при што е оштетен кровот, хаубата и ветробранското стакло на ова патничко возило – информираа од полицијата.
Овие две возила се во сопственост на МВР и на Владата, а останатите оштетени се приватни или возила на фирми.