Облачно со засилен ветер и постудено

237

Времето ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до шест степени, а дневната температура ќе се движи од нула до 12 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец што ќе предизвика појава на снежни наноси.

Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до осум степени.

Во петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови каде на планинита ќе се формира снежна покривка од 15 до 25 см и ќе има појава на снежни наноси. Ќе дува засилен ветер претежно од северозападен правец, а дневната температура ќе биде пониска за околу 10 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...