Министерот Филипче вечерва ќе открие нови детали за пациентката со коронавирус

2140

Откако пред неколку часови пристигна официјална потврда за прв случај со коронавирус во земјава, министерот за здравство Венко Филипче вечерва во 20:30 часот ќе одржи нова прес-конференција во Медија центарот во Владата.

Претходно, тој заедно со Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје и со премиерот Оливер Спасовски, повика на смиреност, бидејќи, како што рече, не постои простор за паника.

Инаку, првиот заболен пациент со Ковид 19 е 50-годишна жена која еден месец престојувала во Италија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...