Почина една од жените повредени во Романовце

317
FOTOMIA

Почина 36-годишната жена која беше повредена во експлозијата на плинската боца во кумановското село Романовце.

Таа е петтата жртва во трагедијата која се случи во неделата, а воедно и една од двете повредени жени со тешки изгореници кои се бореа за живот и за кои лекарите предупредуваат дека се во критична состојба.

Од експлозијата на плинската боца претходно загинаа три деца на возраст од осум, девет и единаесет години, како и еден 58-годишен маж.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...