Одум странски компании пред потпишување на договор за инвестирање

Преговараме со 200 компании. И веројатно тоа не е само наш успех, тоа е нешто што почнала и претходната Влада, но ние тоа го надоградивме и тоа расте, информира Заев.

709

Осум странски компании имаат донесено одлука за инвестирање во Македонија и се чека потврдата од матичните компании за да се потпишат договорите.

Ова го најави премиерот Зоран Заев во интервју за Радио Слободна Европа.

– За 10 месеци потпишавме 10 договори со странски инвеститори, а дополнителни осум компании донесоа одлука преговарачките тимови за инвестирање во Македонија и ја чекаат потврдата од матичните компании да ги овластат за да ги потпишеме. Преговараме со 200 компании. И веројатно тоа не е само наш успех, тоа е нешто што почнала и претходната Влада, но ние тоа го надоградивме и тоа расте- истакнува Заев во интервјуто.

Во него изразува надеж дека проектираниот раст од 3,2 проценти е достижен доколку се реализираат 65 до 70 проценти од најавените капитални инвестиции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...