Црногорци уапсени за тон кокаин во Венецуела

182

На бродот „Арес“ во водите на Венецуела зепленет е еден тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска Управата на полицијата на Црна Гора, а пренесува порталот ЦДМ.

Од Управата истакнуваат дека станува збор за повеќемесечна меѓународна акција која ја иницирала црногорската полиција во соработка со холандската, британската и српската полиција.

Порталот, покрај фотографијата на бродот, ја пренесува и информацијата на полициската Управа дадена на Твитер дека се запленети еден тон кокаин и дека во акцијата се уапсени црногорски државјани.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...