Обвинетиот поранешен претседател на Собранието Трајко Вељаноски во предметот за организирање на крвавиот четврток на 27 април денска во судницата во Кривичниот суд во Скопје рече дека станува збор за класичен политички акт и дека за тоа има докази.
– Ни најмалку не се чувствувам виновен за мојот политички прогон од извршната власт за да се уценуваат пратениците за гласање на уставните измени –одговори Вељаноски на прашање на судијата Илија Трпков дали се чувствува виновен.
Во овој судски процес обвинет е и поранешниот министер Спиро Ристовски кој исто така се изјасни дека не е виновен
– Апсолутно не се чувствувам виновен – рече Ристовски оквалификувајќи го судскиот процес како политички прогон.
Обвинетиот Миле Јанакиески кој се изјасни дека не се чувствува виновен рече дека ќе се потруди јавноста да ја дознае вистината за настанот, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски само кратко одговори дека не е виновен за делото за кое е обвинет.
Судењето продолжува на 9 март, а се очекува да сведочат Оливер Спасовски и Михаил Младеновски.