Швајцарија ги затвори војниците во касарните од страв од коронавирусот

207

Ширењето на коронавирусот во Европа наведе многу влади на преземање необични заштитни мерки, каква што е и онаа од Швајцарија, каде првите луѓе на воената команда во кантонот Тесин, што се граничи со Италија, на војската ѝ наредија да не ги напуштат касарните.

Военото раководство наредило забрана за излегување од касарната за сите припадници на војската во тој дел на земјата.

Со тоа се сака да се спречи војниците да се движат меѓу населението и на тој начин да се заразат со коронависурот.

Од оваа мерка на военото раководство, освен касарните, погодени се и воените училишта во Аирола, Монте Центри и Исоне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...