Нова теорија: Едгар Алан По не се самоубил

205

Научници од универзитетите во Остин (Тексас, САД) и Ланкастер (Велика Британија), истражувајќи го творештвото на писателот Едгар Алан По, а со помош на современи аналитични методи, тврдат дека ги разоткриле тајните на неговата смрт. Според тоа, тој не се самоубил.

– Мислам дека тој навистина западнал во депресија на крајот на својот живот, но не се самоубил – изјави психологот Рајан Бојд од Универзитетот во Ланкастер.

Стручњаците ги проучувале расказите и стиховите на писателот, при што установиле дека тој нашироко употребува зборови полни негативни емоции („лошо”, „тажно”, „зло”) и заменки во прво лице („јас”, „мое”), во време кога преживувал тешки животни настани (на пример – смртта на неговите родители и сопругата).

Претходни проучувања докажаа дека ако со тек на времето, такви јазични обележја само се нагласуваат – тоа е знак дека човекот е блиску до самоубиство. Но во случајот со Алан По, научниците откриваат дека тие зборови, напротив, не се појавуваат последната година од животот на писателот.

На 3 октомври 1849 година, Едгар Алан По е најден во бессознание на улица во Балтимор, Мериленд, САД. Четири дена подоцна, тој починал в болница на 40-годишна возраст. Биографите и истражувачите се склони да веруваат дека зависноста од алкохол, мозочен тумор, сифилис, дијабетес или друга болест се можните причини за смртта на писателот. За жал, сите записи и документи по тоа прашање се изгубени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...