Поради коронавирусот, Нетанјаху престана да се ракува со своите поддржувачи

137

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху среде изборна кампања престана да се ракува, што се смета за сигнал за зголемена загриженост меѓу израелските официјални лица и страв од епидемија на коронавирусот.

За време на вчерашната посета на Универзитетот на Хеброн, израелскиот премиер е снимен како одбива да се ракува со луѓето. Тоа се случува шест дена пред националните парламентарни избори.

На снимката се гледа како на Нетанјаху некој му пружа рака, но еден од неговите придружници вели: „Нема ракувања”. Нетанјаху малку се истрани па рече „намасте” – вообичаен Хинду поздрав

Израелски здравствени власти, инаку, ги ограничија патувањата до и од Кина, Јужна Кореја, Јапонија, Хонг Конг, Макао, Сингапур и Тајланд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...