Со години внатрешните ѕидови на артериите се полнат со маснотии, а вените ја губат еластичноста. Тоа се случува главно поради дебелината и седечкиот начин на живот. За да ги исчистите артериите и да го адаптирате нивото на триглицериди и холестерол во крвта, мора да консумирате одредена храна.
Топ 5 намирници што ги чистат артериите:
1. Морски алги
Полни се со минерали, протеини, каротеноиди и антиоксиданси. Тоа е сѐ што му треба на нашиот организам за да ја одржи добрата функција на целото тело. Алгите помагаат во снижувањето на крвниот притисок и прочистувањето на крвните садови.
2. Сина риба: туна или лосос
Маснотиите од сината риба содржат аминокиселини со неверојатно корисни својства. Станува збор, секако, за омега 3 масни киселини, кои помагаат за балансирање на нивоата на холестерол и триглицериди во крвта.
3. Овесна каша
Овесната каша за појадок ќе ви ја даде потребната енергија за да издржите до ручек. Таа ќе ви го забрза и нормализира метаболизмот, а покрај тоа, содржи влакна што ја намалуваат способноста на холестеролот да се прилепи за ѕидовите на артериите.
4. Мешунки (грав, грашок, леќа) и соја
Овие производи се пожелни поради присуството на изофлавоните, кои го намалуваат нивото на триглицериди и холестерол во крвта.
5. Домати
Поради присуството на антиоксидантите, ги регулира оксидативните процеси во крвта и на тој начин ја спречува блокадата на артериите. Доматот е богати со ликопен, кој е силен антиоксидант. Доматот можете да го додадете во ладни супи и јадења од зеленчук, но најдобро е да го јадете свеж.