СДСМ: Нема амнестија за 27 април

930

27 април е најтрагичниот датум во историјата на Македонија, ден кога со насилниот упад во Собранието беа загрозени животите на пратеници, новинари и вработени во Собранието, кога беше нападнат уставниот поредок и разнишани темелите на демократијата, се вели во реакција на СДСМ.

„Амнестија не е предвидена за тешки кривични дела и дела против државата и затоа сите оние кои биле дел од крвавиот четврток низ судска постапка мора да се соочат со одговорноста за нивната улога во насилствата од 27 април.

Република Македонија е правна држава и сите оние кои биле извршители, нарачатели или помагачи на немилиот настан, мора да одговараат низ судска постапка“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...