„Дојче веле“: Напаѓачот на карневалот имаше задоволен поглед

406

Возачот кој со својот автомобил се заби во толпа луѓе за време на карневалската прослава во градот Фолкмарзен од вечерва е во истражен затвор, но германската полиција сè уште не знае ништо за мотивот на нападот, пишува Дојче веле.

Тој е обвинет за обид за убиство, но од обвинителството велат дека истрагата се води во сите насоки.

Вкупно повредени се 61 лице, на возраст меѓу две и 85 години. Дел од нив се со тешки повреди, а 20 се деца. Вработена во итните служби денеска за германските медиуми раскажа дека 29-годишниот напаѓач се обидел физички да се пресмета со неа откако таа му пришла на неговиот автомобил. Леа-Софи Шлемер ја отворила возачката врата на автомобилот и се обидела да го извлече клучот, но 29-годишниот Морис П. ја фатил за коса и започнал да ја дави обидувајќи се повторно да го запали возилото. Од нападот ја спасиле тројца локални жители кои притрчале и го совладале агресорот со тупаници.

„Не проговори ниту збор. Изгледаше празно и мртво, но се чинеше задоволен. Беше навистина потресно колку задоволен делуваше“, вели Шлемер.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...