Постои само една изолирана соба на Инфективното одделение во болницата во Гостивар, каде евентуланите случаи заразени од коронавирусот би се згрижиле и лекувале, објави Телма.
Во просторијата, како што пренесе телевизијата, има само три кревети, а целото одделение располага со само тројца инфектолози.
Од персоналот за Телма истакнале дека деновиве голем број пациенти се обраќаат за помош кај нив, по информацијата дека вирусот стигнал во Италија, каде голем број од жители од овој крај се на печалба во северниот дел на Италија.
Од Штипската клиничка болница, пак, сè уште немат добиено писмено известување за обезбедување карантин во случај на појава на коронавирусот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.