Италијанските власти соопштија во вторникот дека отвориле истрага за остриот скок на цените на заштитните маски и гелови за дезинфекција на рацете по појавата на новиот коронавирус на северот од земјата.
– Ќе покренеме истрага по медиумските извештаи за налудничаво високите цени по коишто овие производи се продаваат на интернет последните два дена – изјави заменичката на миланскиот државен обвинител, Тицијана Сичилиано.
Многу аптеки наведуваат дека имаат недостиг од заштитни маски и гелови за дезинфекција на рацете и многу граѓани се вртат кон интернет каде што цените на овие артикли се вивнаа.
– Цените на маските на интернет пораснаа од еден евроцент на дури 10 евра, а шише од средство за дезинфекција од 7 евра минатата седмица се искачија на 39 евра во понеделникот – рече Сичилиано.