„Кој во СДСМ го мести Костадинов со вакви смешни прес конференции?“, пишува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, откако портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција истакна дека ВМРО-ДПМНЕ лобира за земјава да не добие датум за преговори со ЕУ.
„Костадин Костадинов и СДСМ во очај шират лажни вести дека некој лобира Македонија да не добие датум за преговори со Европската Унија. Тоа е обично
алиби за претстојниот пораз кој ќе им се случи на 12-ти април. ВМРО-ДПМНЕ секогаш работело и работи Македонија да ги забрза евроинтеграциите. Тоа е за добро и на Македонија и на граѓаните. За разлика од СДСМ кои секогаш биле водени од тесно партиските интереси и ситните политички поени. Видовме како работи СДСМ за европската агенда: ‘договорено е со Врховен‘, ‘без Заев не се може‘, ‘трас-трас и ете одлука на Врховен суд‘, ‘Катица знае за се што треба да се случи‘, или закон за СЈО или одлука на Врховен суд ама случаите ќе паднат. Ете тоа е вистината. Жалиме што СДСМ не може да излезе од заевата матрица на функционирање, за своите неуспеси да наоѓа вина во европските партнери, ВМРО-ДПМНЕ или други политички субјекти во Македонија. Растечката корупција, економскиот колапс и безнадежноста на граѓаните галопирачки растат токму поради владеењето на Заев и тие параметри се видливи и за домашната, но и за европската јавност. Криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија. Клучен доказ дека мафијата има своја држава. Зоран Заев треба да е со лисици на раце и да одговара за своите злодела“, наведено е во партиското соопштение.