Внимавајте што пишувате на Ватс-ап групите, сѐ е достапно преку Гугл за сите

237

Групните Ватс-ап разговори може да се најдат и на пребарувачите, што може да биде проблем, оти корисниците обично и не знаат дека преписката е јавно достапна.

Штом некој ќе влезе во разговорот, посебно ако дошол до линкот преку пребарувач, а не е „поканет“, може да ги види сите пораки во групата и сите броеви кои учествуваат во неа.

И ако некој во Ватс-ап групата сака да додаде некого, само треба да му го испрати линкот од групата. Тој линк може да се објави и на која било јавна интернет-страница. Во тој случај, Гугл го додава во својот индекс на пребарување. Така, секој ќе има пристап до тој групен разговор.

Од Ватс-ап велат дека оваа функција работи токму како што треба и оти не се работи за грешка. Ги советуваат корисниците да внимаваат каде ги споделуваат линковите кон групните разговори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...