Болница кај Милано била извор на ширење на коронавирусот во Италија

707
ФОТО: EPA / OLIVIER HOSLET

Италијанскиот премиер Џузепе Конте го обвини раководството на една болница во северна Италија за едно од жариштата на новиот коронавирус во земјата, пренесоа агенциите.

– Во овој момент знаеме дека начинот на кој се управува една болница не е целосно соодветен – изјави синоќа Конте за италијанската телевизија.

„Тоа со сигурност придонесе за ширењето“, рече тој, без да ја посочи соодветната институција.

Главниот центар на инфекцијата е градот Кодоњо, на околу 60 километри јужно од Милано.

Кодоњо и уште неколку градови од северна Италија се ставени под карантин во обидот да се запре ширењето на вирусот.

Во Италија од петокот наваму има огромен скок на случаите на заразени, од шест на 229, што значи дека во земјата има најголем број потврдени инфекции во Европа.

И покрај тоа, зголемувањето со нови случаи вчера се стабилизира, откако беа регистрирани само 10 други инфекции.

Досега во Италија од коронавирус починаа седум лица откако го фатиле вирусот, а сите биле или во напредната возраст или имале претходни хронични болести.

ФОТО: EPA / OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...