За 3 часа ќе се знае дали патникот од Дубаи на Инфективна е заразен со коронавирус

Има симптоми слични на грип. Направени се тестовите и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите. Се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус - рече Филипче.

1197
20150131 Saturday 1446 infektivna klinika

Патник што допатувал од Дубаи и кој има симптоми слични на грип е хоспитализиран на Инфективната клиника и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите дали се работи за коронавирус.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека патникот допатувал пред неколку дена во земјава по шестдневен престој во Дубаи.

– Има симптоми слични на грип. Направени се тестовите и за помалку од три часа ќе бидат готови резултатите. Се пристапува со целото внимание како за сомнителен случај заболен од коронавирус, рече Филипче.

Апелираше до сите кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството и доколку почувтвуваат некои од симптомите да не се шетаат низ здравствените установи, туку да се јават на телефоните за Институтот за јавно здравје.

Според Филипче, здравствениот систем е подготвен и оти располага со доволен број на кревети, маски, мантили и скафандери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...