Стоматолозите во Словенија се во дилема, како поради коронавирусот да постапуваат со пациентите кои доаѓаат од деловите на Италија каде има голем број заразени лица.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, словенечките здравствени власти излегоа со конкретни препораки до граѓаните како да се заштитат од Ковид-19, но се уште нема дадено упатства за лекари. Најавено е дека во најбрз можен рок ќе се излезе со детални насоки до здравствените работници како да се заштитат од вирусот.
Овој проблем е најприсутен кај стоматолозите од приморскиот дел на земјата, каде секојдневно доаѓаат пациенти од Италија, а имаат веќе се закажани голем број прегледи и интервенции.