Почина наjстариoт мaж вo светот

Статистиката посочува дека Јапонците се најдолговечната нација на светот. Во 2015 година бројот на луѓето над 80-годишна возраст во таа земја надмина 10 милиони.

584

Само 11 дена пред да наполни 113 години, највозрасниот маж во светот, Јапонецот Читецу Ватанабе почина.

Тој беше роден  на 5 март 1907 година и пред неколку недели беше прогласен за рекордер со своите 112 години.

На 12 февруари, тој официјално ја презеде титулата од друг Јапонец – Масаѕо Нонака, кој почина на 113-годишна возраст на крајот на јануари.

Статистиката посочува дека Јапонците се најдолговечната нација на светот. Во 2015 година бројот на луѓето над 80-годишна возраст во таа земја надмина 10 милиони.

Највозрасниот човек воопшто денес е 117-годишната Јапонка Кане Танака.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...