Аберот од Будимпешта пристигна, Христијан Мицкоски извршителот на Груевски утре ќе маршира за неправда, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција.
– Откако не им успеа обидот преку блокади, закани и уцени во Собранието да го закочат процесот на носење на Законот за Јавно обвинителство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сега ќе протестираат против правдата, против одговорноста, против независното судство – рече Костадинов.
Според него, Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда, бидејќи, како што додаде, тие се бегалци од правдата и се заглавени во криминал.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на протест утре со почеток во 18 часот. Протестот ќе започне пред Јавното обвинителство на кејот на Вардар, а ќе заврши пред Врховниот суд.