Мицкоски: Заев, Камчев, Мијалков, секој е добредојден за донации во ВМРО – ДПМНЕ

980

Партијата на нејзината страница има поставено жиро-сметка и секој граѓанин во оваа држава којшто цени, или некој друг кој цени дека треба да го поддржи ВМРО-ДПМНЕ, е добредојден да финансира, одговори Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање дали би прифатил донација од Мијалков или Камчев.

– Апсолутно, секој граѓанин на оваа држава, Зоран Заев, Орце Камчев, Сашо Мијалков, Никола Груевски, еве вие на пример, којшто цени дека сака да помогне, е добредојден – додаде Мицкоски.

Тој истакна дека претстојната предизборна кампања ќе ја финансираат од членарина, донации и комерцијален кредит. Тој додаде дека партиското раководство ќе го изменаџира долгот од 8 милиони евра, иако државата го замрзнала партискиот имот и нема да ги префрли буџетските средства пред изборите на 12 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...