До овој момент нема информација за наши граѓани во Италија кои се заболени од коронавирусот, информира Министерството за надворешни работи од информациите кои ги добиле од Генералниот конзулат наМакедонија во Венеција, Италија.
– Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус. Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските државјани кои се наоѓаат во овој регион и остварува комуникација со надлежните италијански органи во врска со мерките што се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, соопшти МНР.
Од МНР препорачуваат зголемени мерки на претпазливост при патување во италијанските региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во овој период.
Повеќе информации можете да добиете на travel.mfa.gov.mk.
Во зафатените региони Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања престојуваат околу 23.000 државјани на Македонија.
Подетални информации околу развојот на состојбите, тие можат да добијат во Генералниот конзулат во Венеција на дежурниот телефонски број + 39 389 5837913 или е-маил venice@mfa.gov.mk