Дебранец се обидел да силува сограѓанка

113

Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода дебранец кој се обидел да силува своја сограѓанка.

– Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување“. Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар – изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...