Кирк Даглас остави 60 милиони долари во хуманитарни цели, а ниту цент на синот Мајкл

Холивудската легенда секогаш беше позната како исклучително хуман човек, а се чини дека тој го продолжил тоа наследство, дури и по својата смрт.

1495

Кирк Даглас почина на 5 февруари на 103-годишна возраст.

Холивудската легенда секогаш беше позната како исклучително хуман човек, а се чини дека тој го продолжил тоа наследство, дури и по својата смрт.

Кирк го сподели своето богатство од 61 милиони долари така што доделил 50 милиони долари за распределување преку Фондацијата „Даглас“, а чија цел е „да им помогне на оние кои инаку не можат да си помогнат самите“.

Некои од корисниците ги вклучуваат Универзитет Сент Лоренс, каде финансираат стипендија за малцинствата и сиромашните суденти; Храмот Синај на Вествуд, во кој се наоѓа Центарот за децата на Кирк и Ен Даглас; Театарот „Кулвер Сити“ на Кирк Даглас, разорен филмски театар обновен како место за настапи во живо, и Детската болница Лос Анџелес.

Кирк, меѓутоа, не му остави ништо на својот сакан син Мајкл Даглас, кој ја објави веста дека Кирк починал на почетокот од овој месец.

Во 2020 година, се проценува дека нето вредноста на Мајкл е 300 милиони долари, така што, всушност, не му требаат парите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...