„Забеган во сопствената моќ и чувтсвото на недопирливост под заштита на неговите обвинители и судии, Зоран Заев раскажува дека дома не руча како нормалните луѓе туку се хранел со паштети и виршли. Скромен е човекот. Само колите кои ги имаат со Вице вредат над милион евра но, тој е скромен. И после, така неухранет нормално е дека не може да води држава и под притисок на сиот глад по цел ден има нагон да граба, да граба, да граба… Гладен човек е жив ѓавол. Патем, Заев не е премиер и нејасно е зошто живее во премиерската вила. За така скромен човек тој е постојано гладен за луксуз по што ги става во беља и службите на владата”.
Ова го пишува Драган Павловиќ Латас во колумната на порталот vecer.mk посветена главно на медиумите.
„Сега, пред избори, притиснати од јавноста до ѕид за сите корупции, злоупотреби на полиција, на обвинители, судии, медиуми, невладини организации… неписмените советници на Заев од редот на Марјан Забрчанец, Бубо Каров и Коста Петров смислија нов план: да се уништат порталите и единствената телевизија, ТВ Алфа, кои објавуваат опозициски вести и информации. Причина е тоа што примале пари за комерцијлани огласи и соработка од компании од Унгарија. Од држава која е членка на ЕУ и НАТО и која верификувала влез во НАТО на Македонија. Тие унгарски, европски пари, служеле за создавање анти НАТО и анти ЕУ политика во Македонија! Се бара обвинителството да апси новинари затвара медиуми”, пишува тој.