Во 9,30 часот вчера било пријавено дека во с.Србица-кичевско, избувнал пожар на првиот кат во куќата сопственост на М.Л. (46).
Пожарот бил изгаснат од страна на Територијална противпожарна единица -Кичево. Во пожарот опожарени биле мебелот и покуќнината во спалната соба, како и 21.500 евра и 30.000 швајцарски франци.
Извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Кичево.