Откриени 43 мигранти од Бангладеш во возило кај Ваксинце, возачот приведен

53
Foto: MVR

Полициски службеници вчеравечер во реонот на село Ваксинце го лишиле од слобода 29-годишниот Б.Д. од Скопје бидејќи во товарно моторно возило што тој го управувал биле пронајдени 43 мигранти од Бангладеш.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, вчера околу 21:40 часот во близина на бензинска пумпа на автопат „Пријателство“ во правец од ГП Табановце- Куманово полициски службеници од Полициска станица Сопот постапувајќи по претходно добиено известување го лишиле од слобода лицето Б.Д кој управувал товарно моторно возило “Ман“ со струмички регистарски ознаки поради постоење основи на сомнение дека со возилото превезувал мигранти.

– По преземените активности, полициски службеници во реонот на село Ваксинце пронашле 43 мигранти од Бангладеш кои биле превезувани во возилото. Лицата –мигранти се сместени во Транзитен центар Табановце, а пријавениот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...