Антонијо Милошоски, пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, објави на својот Фејсбук профил дека денеска во 11 часот ќе обелодени нова „бомба“ поврзана со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
– Денес медиумите ќе бидат запознаени со материјал од висок јавен интерес, доставен од анонимен укажувач. Материјалот е сериозна индиција за злоупотреба на службената положба на поранешниот премиер, преку експлицитно признание за директно мешање на извршната во одлуките на судската власт, на највисоко ниво, пишува во објавата.
На Милошоски, како што тврди, не му било дозволено во Собранието да има прес-конференција, па истата ќе ја одржи во прес-центарот на партијата, од каде стаса известување за прес – конференцијата денеска во 11:00 часот во Палата др. Христо Татарчев.