Девојка во Ниш паднала од трети спрат, се обидела преку чаршафи да се симне во дворот

1015

Девојка паднала од трети спрат зошто се обидела да се спушти преку чаршафи од зграда во Ниш. Станува збор за 29-годишна нишлијка која била сериозно повредена утрово околу 10 часот. Девојката паднала од третиот кат на зграда на улицата Књажевачка.

Според „Курир.РС“, девојката останала сама дома откако нејзината мајка и брат и отишле на гробишта, бидејќи денеска е верскиот празник Задушница. Таа, како што раскажале соседите, се обидела со помош на врзани чаршафи да слезе надвор од третиот кат на зградата во дворот на станбениот објект. Сепак, таа паднала, се повредила и итно била пренесена во Центарот за итни случаи во Ниш. Соседите кажале дека слушнале само тап удар и лелекање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...