Грчките медиуми за обраќањето на Туск на македонски јазик

1644

Одлуката на Доналд Туск изјавата на прес-конференцијата со Зоран Заев да ја даде на македонски јазик, не остана незабележана од грчките медиуми. Дел од новинарите во Грција, акцентот во нивните текстови го ставија токму на македонскиот јазик на претседателот на Европскиот совет.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во текстовите во грчките медиум, зборот македонски е во наводници или пак го користат терминот „славомакедонски јазик“.

– На „македонски“ јазик говореше претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск за време на изјавите со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев во Скопје, како што соопшти самата ЕУ. Постапката на Туск доаѓа во момент кога јазикот и идентитетот на граѓаните на ПЈРМ се дел од „трновите“ што ги измачува преговорите меѓу Атина и Скопје за скопското прашање. ЕУ официјално ја признава соседната земја под името поранешна југословенска Република Македонија, објави грчката телевизија Скај.

– Господинот Туск, од негова стана, одбра да даде изјава, користејќи го славомакедонскиот јазик, главниот идиом што се зборува во ПЈРМ, за време на заедничката прес конференција со господинот Заев, пишува „Катимерини“.

Грчките медиуми во продолжение ги пренесуваат ставовите на Туск, но и на премиерот Заев во однос на европската перспектива на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...