Три неексплодирани гранати од Прва светска војна пронајдени во Битола

273

Во Битола биле пронајдени три стари неескплодирани артилериски гранати од Прва светска војна.

– Вчера во 12:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари неексплодирани артилериски гранати кал.75 мм од Прва Светска Војна – соопштуваат од МВР.

Оттаму информираат дека увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...