Планинарите тргна на марш во чест на Борис Трајковски

56

Планинари од  Струмица, Радовиш Валандово, Гевгелија и Штип тргнаа пеш за Скопје за да му оддадат почит  на својот сограѓанин и претседател Борис Трајковски кој загина во авионска несреќа кај Мостар.

Во наредните четири дена тие ќе пешачат 200 километри за да стигнат на 26-ти февруари на неговото почивалиште во Бутел.

Станува збор за традиционален планинарски марш кој го организира планинарското друштво „Ентузијаст“ од Струмица со цел да не се заборави ликот и делото на Трајковски.

Паралелно организираат и искачување на врвот Ботра на планината Беласица.

Организаторите и планинарите се надеваат дека во иднина на овој ќе се приклучат и млади лица за да не се заборови ликот и делото на Трајковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...