Четириесет и седумгодишен маж од Скопје со психички проблеми ја бодел мајка му со нож, а потоа ја запалил. Жената била пренесена на клиника каде и биле констатирани тешки телесни поврди.
Како што соопшти МВР, вчера во 16,23 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми, бидејќи било пријавено дека околу 15,40 часот на ул.„Сава Ковачевиќ“ тој со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите.
Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Од полицијата информираат дека, од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.